Амбрела

 
 
 
 

Амбрела

 
Ресторан со инклузија и економско зајакнување „на менито“

Umbrella Lounge Bar e единствен ресторан од ваков тип во земјава, кој вработува лица со попреченост со цел нивна инклузија и економско зајакнување. Станува збор за социјално претпријатие кое вклучува лица со попреченост преку активна работа во угостителскиот објект кој се наоѓа во Гратскиот трговски центар во Скопје.
Ресторанот „Амбрела“ обучува лица со попреченост за работа во ресторан, а до сега се вработени 10-мина од нив. Социјалното претпријатие исто така работи и на лобирање за вработување на останатите лица со попреченост, оние кои се веќе обучени.

Ресторанот организира разни видови корпоративни настани, средби, кетеринг, простор за организирање настани и други типови на услуги и соработка.


Контакт:
Адреса: Ул 1612 бр. 1/9 1000, Скопје
Телефон: 075 34 44 64
Емаил: contact@umbrella.mk
Веб страна: www.umbrella.mk
Facebook: https://www.facebook.com/umbrella.mk/?modal=admin_todo_tour