Виктори декорации

 
 
 
 

Виктори декорации

 
Декорации со додадена вредност

Социјалното претпријатие „Виктори декорации” е декоративен и креативен центар за изработка на различни видови декорации и украси, првенствено за детски родендени, но и други видови на прослави. Овозможува повеќе насмевки и радост за најмалите, а придонесува за помош и поддршка на жените од општина Свети Николе кои се заболени и лекувани од малигни заболувања. Социјалното претпријатие функционира во рамките на Здравствената програма при Организација на жените на општина Свети Николе.
Приходите од социјалното претпријатие се наменети за континуирана работа на групата за самопомош на жени заболени и лекувани од малигни заболувања, давајќи им психосоцијална помош и поддршка, набавка на медицински помагала, градни протези, перики, турбани, како и финансиска поддршка за лекови и патни трошоци за терапии.
Во самото функционирање на „Виктори декорации“ активно учествуваат и самите жени кои се членки на групата за самопомош на жени заболени и лекувани од малигни заболувања. Тие, на креативните работилници изработуваат дел од производите за продажба на „Виктори декорации“, но и преку работилниците добиваат полесна, побрза и поактивна реинтеграција и социјализација, со тоа што се рекреираат и дружат со останатите споделувајќи лични искуства за текот и посттретманските соочувања со болеста.

Контакт:
Адреса: Ленинова 1-1/4, Свети Николе
Тел: 032 444 620
Е-маил: womsvetinikole@yahoo.com, viktoridekoracii@gmail.com