Грин меџик

 
 
 
 

Грин меџик

 
Магионичарски трикови за подобар свет

„Грин меџик” е социјално претпријатије кое работи на комплетна организација и изведба на магионичарски претстави на цела територија на државата - од мали настапи на детски родендени до големи спектакуларни шоуа во театри, културни центри. Социјалното претпријатие го основаше еко илузионистот и социјален претприемач Кристиан Шопов, кој веќе 15 години изведува магионичарски трикови.
Негов животен повик е да даде придонес кон создавање подобар свет, па затоа создаде компанија која има за цел да го постигне тоа.
„Грин меџик” придонесува за создавање подобар свет преку реализација на програмата „Big Heart”, која се состои од:
- работно ангажирање на лица од ранливи категории на граѓани (агентот кој ги букира сите настапи на Шопов е лице со физичка попреченост)
- настапи кои имаат за цел да го разубават денот на лица од ранливи категории на граѓани (Шопов, со своите илузии настапува за болници, здруженија на граѓани и сите луѓе кои се соочуваат со тешки животни предизвици)
- хуманитарни настапи за прибирање на финансиски средства за помош на лицата од ранливи категории граѓани (прибраните средства од различните настапи се насочуваат за реализација на одредена помош)
- едукација за селекција на отпад и заштита на животна средина (преку дел од своите илузии, магионичарот ја едуцира публиката за селекција на отпадот и ги повикува и тие да селектираат отпад и така да станат еко магионичари кои ќе придонесат отпадот да исчезне)
- помагање на лица со ментални болести и залагање за нивна дестигматизација (поддршка на пациенти во Психијатриска болница Скопје, промовирање креативни дела на талентирани пациенти)
„Грин меџик“ е основано со грант од Филантропија за зелени идеи, организирано од Фондот на браќата Рокфелер, натпревар кој во државата го администрира Здружението за социјални иновации АРНО.

Контакт:
Телефон за контакт: 075 649 837
Мејл: k_sopov@yahoo.com