Добра земја

 
 
 
 

добра земја

 
НАША ДОБРА ЗЕМЈА

„Наша добра земја“ е првата задруга на потрошувачи во Македонија, регистрирана во 2015 година.
Организира продажба само на македонски органски производи, и тоа на два начини - преку органска неделна кошничка за членовите на кооперативата и за потрошувачите кои не се членови во задругата (преку продавницата на задругата, која се наоѓа во Тафталиџе).
Темите кои ги опфаќа со работењето се однесуваат на еколошки и општествено одржливи системи за локален суверенитет во исхраната. Основната цел е да постават алтернатива на постојниот систем на производство, дистрибуција и консумација на локална храна.
Основни полиња на активност:
- Суверенитет во прехраната
- Локална храна
- Директно поврзување на потрошувачи со производители – скратување на ланецот на достава и загадување, доверба, социјална кохезија.
- Јавни градини и компости
- Зголемување на јавната свест за градинарење и свое производство на храна (со најмал еколошки оттисок)
- Рециклажа, реупотреба на материјали („Добра земја“ е можеби првата продавница во Македонија која не користи пластични кеси)
- Намалување на сметот при достава на производи
- Намалување на загадувањето произлезено од транспорт на производите
Општествените процеси во земјава, нивното влијание врз здравјето на луѓето, растурањето на локалните заедници и сузбивањето на локалните иницијативи биле основни мотиви на основачите на „Наша добра земја“. Како главен „чадор” елемент, претставуваше загадувањето и несвесното (неразумно) користење на природните ресурси и нивно бескрајно загадување.

Контакт:
Адреса: Дрезденска 15/лок 1, Скопје
Tелефон: 071 86 30 89
Веб-сајт: www.dobrazemja.org
Електронска пошта: info@dobrazemja.org