Еснаф

 
 
 
 

еснаф

 
Платформа изградена врз темелите на нашата култура и традиција

„Еснаф“ е социјално претпријатие кое ги обединува занаетчиите. Станува збор за платформа за развој на мали занаетчиски бизниси, основана од Институт „Креативна Македонија“, со цел соединување на занаетчиите и нивно поврзување со купувачите. Дел од овие занаетчии се и ранливи лица, а „Еснаф“ работи и на создавање можности за нивно вработување. Платформата промовира зелени бизниси кои не ѝ штетат на природата, а ги комбинира бизнисот и социјалната еднаквост.
Креирана е онлајн платформа и продавница чија мисија е занаетчиите и ракотворците заеднички да застанат наспроти сериски произведените производи кои ги потиснуваат и истребуваат занаетите, традицијата, националното богатство и пренесеното наследство.
На онлајн платформата се понудени рачни изработки, занаетчиски производи и национални културни обележја.
Со купување на проиводите на „Еснаф“ директно придонесувате:
- Еден занаетчија да го развие својот бизнис
- Една самохрана мајка да го нахрани своето дете
- Во борбата на една жена против малигните заболувања
- За инклузија на маргинализирано лице.

Контакт:
Адреса: ул. Луј Пастер 5, 1000 Скопје
Лица за контакт:
Изабела Соколовска 070 217 849 izabela@creativemacedonia.mk,
Билјана Аврамоска 078 369 346 avramoska@creativemacedonia.mk

Електронска пошта: info@esnaf.eu
Веб страна: www.esnaf.eu
Телефони: 02 3244 404, 070 801 661