Фрешис

 
 
 
 

фрешис

 
Ресторан кој топли срца

Ресторанот „Фрешис“ е социјално претпријатие кое издвојува 34% од месечната заработка во редовно донирање храна за бездомните лица во Скопје.
Тоа го работат заедно со „Ретвитни оброк“ и организацијата „Љубезност“. Тимот на „Фрешис“ верува дека секој заслужува достоинствен оброк, па затоа овозможува и постојан 15% попуст за студенти и ученици. Со секој приготвен оброк, се обидуваат да изградат доверба и емпатија кај сограѓаните, па оттаму, мотото на „Фрешис“ е „Стопли срце“.
Преку ваквите заложби на „Фрешис“, целта е да го направиме Скопје подобро место за сите нас.

Контакт:
Адреса: бул. Партизански Одреди бр. 41б
Телефон: 078 209 832
Контакт лице: Љубомир Стојчески - 078 665 723