АвАв хепи дог

 
 
 
 

АвАв хепи дог

 
Забава, грижа и љубов за кучиња
Кучето е за цел живот

АвАв хепи дог нуди парк за забава на кучиња, базен за миленици, дневна нега и хотелско сместување за кучиња, кафе бар за релаксирање на нивните сопственици, фризерница за миленици и пекара. Ова е првиот забавен парк за кучиња во земјава, кој е формиран како социјално претпријатие и е направен целосно од рециклирани материјали, што е во склоп на вредностите, верувањата и убедувањата на основачите, а е во насока и на практикување одговорност кон животните, животната средина и кон планетата воопшто.
Нивната мисија е да се подобри квалитетот на живот на кучињата и трајно вдомување на уличните кучиња преку нивно времено згрижување, а воедно и создавање пријатен простор со многу содржини за едукација, забава и игра на домашните миленичиња и нивните сопственици, со цел на едно место да се најдат сите потребни производи и услуги.
„АвАв хепи дог“ првенствено е центар за разменa на искуства, за оддржување на јавни настани со различни соддржини, и подигање на свеста за одговорно сопствеништво и одговорноста кон добра нега на кучињата од страна на сопствениците, а особено на децата како идни одговорни сопственици на кучиња под мотото „Одговорни сопственици, одговорна заедница, среќни кучиња".


Контакт:
Skopje, Macedonia
https://avavhappydog.mk
тел: 77 541 635