Биди социјално претпријатие

 
 
 
 
 

Што е социјално претпријатие?

 
Генерално, дефинирањето на социјалните претпријатија ги содржи следниве карактеристики:
 
  1. Користејќи претприемачки принципи, тие се стремат да ѝ служат на заедницата, а не на максимизирање на профитот за сопствениците
  2. Остварениот профит во најголем дел се реинвестира за постигнување на социјалните цели, т.е. за конкретна општествена промена 
  3. Нудат иновативни приоди за одржлив и рамномерен развој 
  4. Најчесто делуваат во две насоки: 
    • обезбедуваат добра и услуги за маргинализираните и за неразвиените заедници и/или 
    • вработуваат лица од ранливи групи граѓани
  5. Тие се пазарно-ориентирани бизниси, односно финансиската одржливост ја обезбедуваат преку успешно работење според пазарните механизми (а не претежно преку грантови) 
  6. Управувањето на социјалните претпријатија е демократско и партиципативно. 
    Основа... Прочитај повеќе
 
 
 
 
 
roos-oosterbroek-551418-unsplash
 
 
 
 
 
 

Мрежа на Социјални Претпријатија

 
 
 
roos-oosterbroek-551418-unsplash
 
 
 
 
Еден од водечките социјални претприемачи на глобално ниво, Мухамед Јунус, користи 7 принципи врз чија основа треба да работат социјалните претпријатија:
 
  1. Деловната цел на претпријатието е да се надмине сиромаштијата или да се осигура намалување на еден и/или повеќе глобални општествени предизвици како образованието, здравството, пристапот до технологија и заштита на животната средина, кои го намалуваат квалитетот на живеење на луѓето и општеството. Целта на бзинисот не е максимизација на профитот;
  2. Бизнисот има финасиска и економска одржливост;
  3. Инвеститорите ја враќаат само својата инвестиција. Меѓутоа, не добиваат дивиденда по враќањето на инвестицијата;
  4. По враќањето на инвестицискиот износ, профитот останува во претпријатието за негово унапредување и проширување;
  5. Претпријатието работи врз принципите на родова сензитивност и висока еколошка свесност;
  6. Постоечката работна сила добива износ на плата во согласност со трендот кој го диктира пазарот, но со подобри услови за работа;
  7. Претприемачот работи со радост.