добро управување

 
 
 

начини на добро управување

 

 
Доброто управување е особено важно за социјалните претпријатија бидејќи на тој начин се обезбедува поддршка во балансот помеѓу општествената и економската цел, истовремено адресирајќи ги потребите на различните засегнати страни. Доброто управување е начин на управување заснован на етика и интегритет. Добро управување е развој и раководење на конзистентни и кохезивни политики, процеси и права на одлучување за дадена област на одговорност. Централна улога имаат високи етички стандарди (вредности, принципи) и поделба на моќта на одлучување.
Поделба на моќта на одлучување се постигнува со поделба на неизвршни и извршни органи.
Социјалните претпријатија експлицитно ја лимитираат дистрибуцијата на профитот.
Ограничувањето на дистрибуцијата на профитот значи дека социјалното претпријатие обезбедува заштита на јавниот интерес.
Еден од начините за добро управување во социјалните претпријатија е преку развој на политики и процедури кои ќе ги регулираат внатрешните процеси на претпријатијата.


 
 

1) Мисија и вредности

 

 
- Мисијата/ визијата/ целите и вредностите се јасно дефинирани во пишаните документи на социјалното претпријатие и истите се јавно достапни.
- Јасно е дефинирано на кому му служи социјалното претпријатие, односно кои се целни
групи и корисниците за истото.
 

2)Демократско управување

 

 
- Јасно дефинирана организациска структура, одговорности и надлежности на постоечките
органи, начин на избор и мандат на органите
- Процесот на носење одлуки во социјалното претпријатие е јасно опишан во статутарните документи. Состаноците на највисокото тело (пр. Собранието/ УО) се одржуваат редовно. Функционирањето на органите/ телата соодветно се документира и администрира
- Етички кодекс за вработени- дефинирани вредности кои ги застапува социјалното претпријатие и истите се применуваат во секојдневното работење и носење деловни одлуки
- Политика за управување со конфликти на интереси
- Политика за заштита на лични податоци
 
 
 
 
 
 
 
 
 

3) Финанско управување

 

 
- Политика за финансиски менаџмент- одобрување на исплати- хонорари, дневници за службени патувања, набавки
 

4) Транспарентност и отчетност

 

 
- Подготовка и објавување на годишниот извештај од работењето на социјалното претпријатие. Истиот се состои од наративен опис на активностите и финансиски извештаи.
- Транспарентна листа на донатори кои го финансираат работењето на социјалното претпријатие

 

5) Управување со човечки ресурси

 

 
- Политика за вработување во социјалното претпријатие
- Политика за рангирање на вработените и дефинирање на надомест за плата;