HANDICRAFTS4U

 
 
 
 

Handicrafts4u

 
Рачно изработени уникати за инклузија на лица со попреченост

„Со купување производи од handicrafts4u ја поддржувате финансиската независност
на лицата со интелектуална попреченост!“

„Handicrafts4u“ е првото социјално претпријатие од овој вид кое е основано во 2015 година од страна на Здружение СОЛЕМ. Се занимава со производство и продажба на уникатни рачно изработени производи за секојдневна употреба, кои ги изработуваат возрасни лица со интелектуална попреченост. „Handicrafts4u“ нуди избор од над 11 производи кои може да се брендираат и да бидат уникатни согласно барањата на клиентите – организации, компании.
Целта на „Handicrafts4u“ e вработување на лица со интелектуална попреченост и постигнување на самоодржливост на самото социјално претријатие.
Преку handicrafts4u, Здружението на граѓани за поддршка на лица со посебни потреби СОЛЕМ, им помага на возрасните лица со интелектуална попреченост да развиваат вештини со кои можат активно да придонесуваат во нашето општество.

Контакт:
Адреса: Ул. 23 Октомври, 33/1-2, 1000 Скопје (ЗА ВО МАПАТА)
Телефон: 02/2467-551
Е-маил: info@solem.org.mk
Веб страна: http://handicrafts4u.com.mk/