ХуманаС

 
 
 
 

ХуманаС

 
Сервис за нега во домашни услови

Социјалното претријатие „ХуманаС“ претставува сервис за професионална нега на стари и изнемоштени лица, лица со попреченост, лица со деменција-Алцхајмерова болест и интелектуални попречености, во домашни услови (палијативна нега) без оглед на нивниот здравствен и социјален статус, овозможувајќи им на корисниците на услугите подолго да останат во своите домови.
„ХуманаС“ во својата социјална мисија има двојна социјална компонента, со тоа што од една страна го решава проблемот на старите и изнемоштени лица, лицата со попреченост и на лицата со деменција-Алцхајмерова болест и интелектуални попречености, при што им нуди професионална нега во домашни услови. Од друга страна како даватели на овој тип на услугите (вработените) се долгорочно невработени лица и лица во социјален ризик (жени жртви на семејно насилство, самохрани родители, млади, припадници од различни етнички заедници) кој што посетуваат бесплатна динамична обука за стекнување на професионални вештини и компетенции.
Постои во рамки на Здружението за поддршка и развој „Хуманост“, функционира од 2017 година и работи на територијата на град Скопје, а наскоро и во Струмица и Ресен.
Организацијата под чија закрила работи ова социјално претпријатие е верифициран провајдер за образование на возрасните при што овозможува едукација и сертифицирање на негувателите и асистентите кои се вклучени и во „ХуманаС“, но и во други социјални претпријатија со слична дејност.

Контакт:
Социјално претпријатие „ХуманаС“
ул. Бранислав Нушиќ бр. 13-1/17, 1000 Скопје
моб: 077 963 672, 02 5112 716
е-маил: humanas@humanost.org.mk