Копче

 
 
 
 

Копче

 
Една поинаква продавница за облека од втора рака
„Подари приказна, облечи си среќа“

Социјалното претпријатие „Копче“ функционира од 2018 година и е место каде што може да се најде уникатна облека од втора рака по најповолни цени.
„Копче“ е проект кој го развија Црвен крст на Република Северна Македонија и Црвениот крст на град Скопје како резултат на долгогодишно работење во областа на донирањето на облека и нејзина дистрибуција до најранливите граѓани.

Според податоците на Црвениот крст, на годишно ниво организацијата прима околу 20 тони донирана облека и помага на повеќе од 2.000 лица во ризик на територија на град Скопје. Оваа прогама беше надополнета со нови содржини кои, токму преку „Копче“ овозможи задоволување на потребите на поголем број граѓани.
Социјалното претпријатие овозможува поефикасен систем на дистрибуција на облека до ранливи лица, пристапни цени на облека за сите граѓани, вработување на ранливи целни групи, но, истовремено и заштита на животната средина поради намалената количина на текстилен отпад кој би завршил на депонија. „Копче“ во суштина ги поврзува хуманоста, достоинството, трудот, и животната средина.


Контакт:
Бул. Кочо Рацин 13
1000 Скопје
тел: 070 414 759
skopje.kopce@redcross.org.mk