лицевлице

 
 
 
 

Лице в лице

 
Улично списание за одржлив развој

„Купувајќи Лице в лице им помагате на многумина, читајќи Лице в лице си помагате себеси“

Единственото улично списание „Лице в лице“ е едно од пионерските социјални претпријатија во земјава. Постои од септември 2012 година и се продава во пет градови – Скопје, Куманово, Неготино, Струга и Битола. Темите што ги третира ја подигнуваат јавната свест за важни општествени прашања видени низ дискурс на визионери, експерти, аналитичари, новинари кои се осврнуваат на одржливиот развој, на универзалните вредности, на социјалната правда, на принципите на еднаквост, на улогата на индивидуалната и колективната одговорност...

Функционира во рамките на Асоцијација за истражување, комуникации и развој „Паблик“, а на продавачите на списанието им овозможува ресоцијализација преку социјален контакт и интеграција преку програми за развој и теренска работа со што ги подготвува за отворен пазар на труд. Списанието ангажира лица кои што не добиле доволно шанси за развој (младинци од улица, лица со попречености, бездомници...), со што економски и социјално ги зајакнува.

Секој продавач добива 50% од цената на секој примерок на списанието. Останатите приходи се за развој и имплементација на програми за развој на продавачите - за подготовка и печатење на нов број на списанието - 40% и за зајакнување на партнерските организации преку кои што се ангажираат продавачите - 10%.

Главната економска активност на „Лице в лице“ е продажба на уличното списание, како и обезбедување приходи од реклами во списанието, продажба на новогодишни честитки, како и приходи и од новата програма „Лице в лице СЕНС“.

Контакт:
ул. Орце Николов 93/5
1000 Скопје

02 2 466 444
licevlice@public.org.mk
http://licevlice.mk/