Мама органа

 
 
 
 

Мама органа

 
Циркуларен бизнис за производство на органско ѓубриво

„Мама органа“ развива циркуларен бизнис - производство на органско ѓубриво и супстрат, а вработува и работно ангажира самохрани родители.

Ова социјално претпријатие промовира иновативен производ каков што нема на домашниот пазар, ниту во регионот. Исклучително се фокусирани на развој на производот, за кој добивале и награди од натпревари за стартапи. Последен таков натрпевар е „Startup Europe Awards“, на кој „Мама органа“ освои награда во категоријата „Best Job Growth“. Ѓубривото го добиваат од калифорниски црви, а во исто време создаваат и репроматеријал за супстрат кој пак е збогатен со природни минерали, вулкански камења кои служат за регулација на водата и воздухот внатре во почвата. Иновативноста е и во тоа што секој, без оглед на тоа каде живее, со овој супстрат може да одгледува и произведува органска храна, а нема допир со земја (ниту со земјени површини) и нема предизвици како на пример, загадена почва.
Социјалната мисија им е во две компоненти - вработување и зајакнување на самохрани родители, истовремено таргетирајќи го и општествениот проблем со пристап до здрава храна, вода и воздух, органско производство на храна и намалување на отпад.
Дополнително, произведуваат и продаваат и билки кои го прочистуваат воздухот во внатрешни простории и еко песок за мачки.

Контакт:
улица „Ѓорѓе Андреевиќ Кун“ 28-б
Скопје
тел: 075 860 970