Нега центар

 
 
 
 

Нега центар

 
Домашна грижа и нега на стари и немоќни лица

„Нега центар е социјално претпријатие кое нуди домашна грижа и нега на стари и немоќни лица. Постои од 2018 година и функционира во рамките на Црвениот крст на град Скопје. Услугата е наменета за секој кој не е во можност да се грижи и функционира самостојно, но сака да остане во удобноста на својот дом. Оваа услуга се дава на територијата на Скопје.
Корисникот сам прави избор за услугите кои му се потребни, во зависност од индивидуалните барања и потреби, а ја добиваат од сертифицирани и професионални негуватели.
Втората услуга која ја дава „Нега центар“ е обука и сертифицирање на нови негуватели во рамките на тренинг центарот на Црвениот Крст на Република Северна Македонија и постојано работи на надградување на капацитетите на негувателите кои работат на терен преку обуки, работилници, средби за размена на искуства и студиски посети.


Контакт:
Бул. Кочо Рацин 13, Скопје

skopje.negacentar@redcross.org.mk