НЕГА ПЛУС

 
 
 
 

Нега плус

 
Сервис за грижа и нега на стари и изнемоштени лица

Нега Плус e социјално претпријатие, односно професионален сервис за грижа и нега на стари и изнемоштени лица во домашни услови, основано во рамки на ХЕРА - Асоцијација за здравствена едукација и истражување.
„Нега Плус“ има за цел да им овозможи квалитетна и достоинствена зрела доба на старите и изнемоштени лица на територија на град Скопје. Услугите на „Нега Плус“ се прилагодуваат на индивидуалните потреби на корисникот и можат да вклучат: помош и поддршка во секојдневните активности, психо-социјална поддршка, помош во одржувањето на личната хигиена на корисникот, итн. Со користење на услугите на „Нега Плус“, клиентите добиваат професионална грижа во сопствениот дом, со што истовремено се подобрува економската и личната благосостојба на Ромките кои се обучени и ангажирани како негувателки во социјалното претпријатие.



Контакт:
улица „Френклин Рузвелт“ 51a/26
Скопје
070 299 026
negaplus@hera.org.mk