Раз­во­јот на со­ци­јал­ни­те прет­при­ја­ти­ја во Ма­ке­до­ни­ја сѐ уште е на са­ми­те по­че­то­ци.
Ник­ул­ци­те скром­но се по­ја­ву­ва­ат и во рам­ки­те на дел од јав­на­та по­ли­ти­ка. За­се­га, по­ли­тич­ко­то пре­поз­на­ва­ње на се­кто­рот е да­ле­ку од со­од­вет­но, стра­те­ги­ско и ви­зи­о­нер­ско. 


Вла­да­та, прв­пат во сво­ја­та про­гра­ма за ра­бо­та (2017-2020) го во­ве­де со­ци­јал­но­то прет­при­е­маш­тво. Во про­гра­ма­та се пред­ви­ду­ва до­не­су­ва­ње За­кон за со­ци­јал­но прет­при­е­маш­тво пре­ку кој ќе се олес­ни при­ста­пот до па­за­рот на труд за со­ци­јал­но ран­ли­ви ка­те­го­рии гра­ѓа­ни. Се пред­ви­ду­ва и со­ци­јал­ни­те прет­при­ја­ти­ја да им ну­дат мож­ност на ран­ли­ви­те гру­пи да го упра­ву­ва­ат прет­при­ја­ти­е­то, да до­не­су­ва­ат од­лу­ки за упра­ву­ва­ње на ос­тва­ре­ни­те при­хо­ди и нив­но­то ин­ве­сти­ра­ње во со­ци­јал­ни це­ли. Во офи­ци­јал­ни­те вла­ди­ни стра­те­гии,  пак, кон­цеп­тот „со­ци­јал­но прет­при­ја­тие“ за прв­пат е во­ве­ден во по­оп­шир­ни стра­те­гии за со­ра­бо­тка со гра­ѓан­ски­от се­ктор (2012-2017), ка­де што е пред­ви­де­на по­оп­шта мер­ка за раз­вој на по­ши­рок кон­цепт: со­ци­јал­на еко­но­ми­ја. Мер­ка­та пред­ви­ду­ва актив­но­сти што експ­ли­цит­но це­лат на гра­ѓан­ски­те ор­га­ни­за­ции со еко­ном­ски актив­но­сти, при­тоа изо­ста­вај­ќи ги дру­ги­те мо­де­ли што го фор­ми­ра­ат спе­кта­рот на со­ци­јал­ни прет­при­ја­ти­ја. Иста­та ви­зи­ја е за­ста­пе­на и во рам­ки­те на те­ков­на­та стра­те­ги­ја (2018-2020) ка­де што со­ци­јал­ни­те прет­при­ја­ти­ја се гле­да­ат са­мо ка­ко ме­ха­ни­зам за обез­бе­ду­ва­ње фи­нан­си­ска одрж­ли­вост за гра­ѓан­ски­от се­ктор.


Од дру­га стра­на, пак, еко­си­сте­ми­те во кои функ­ци­о­ни­ра­ат со­ци­јал­ни­те прет­при­ја­ти­ја се комп­лекс­ни и тие, по­крај по­ли­тич­ко­то пре­поз­на­ва­ње и прав­ни­те фор­ми, оп­фа­ќа­ат и обез­бе­ду­ва­ње при­стап до па­за­ри; јав­на под­др­шка за со­ци­јал­ни прет­при­ја­ти­ја - стар­та­пи, ка­ко и за нив­ни по­раст и раз­вој, вклу­чу­вај­ќи ја и фи­скал­на­та рам­ка; при­стап до фи­нан­сии; мре­жи и ме­ха­низ­ми за за­ем­на под­др­шка и истра­жу­ва­ње, обра­зо­ва­ние и раз­вој на ве­шти­ни.


Ва­ква­та комп­лекс­ност на еко­си­сте­ми­те ја на­ла­га по­тре­ба­та од  здру­жу­ва­ње на со­ци­јал­ни­те прет­при­ја­ти­ја во мре­жа што ќе им овоз­мо­жи ме­ѓу­себ­но уче­ње и, пред сѐ, за­ед­нич­ко дејс­тву­ва­ње во раз­во­јот на сре­ди­на­та во ко­ја опе­ри­ра­ат. 


Во Ма­ке­до­ни­ја сѐ уште не по­стои фор­мал­на мре­жа на со­ци­јал­ни­те прет­при­ја­ти­ја и по­крај тоа што овој сег­мент е еден од ос­нов­ни­те ком­по­нен­ти на еко­си­сте­мот.

Неј­зи­на­та глав­на уло­га тре­ба да би­де обез­бе­ду­ва­ње пла­тфор­ма за ко­му­ни­ка­ци­ја и за со­ра­бо­тка ме­ѓу раз­лич­ни­те со­ци­јал­ни прет­при­ја­ти­ја, за­ста­пу­ва­ње уна­пре­ду­ва­ње на јав­ни­от имиџ на се­кто­рот, обез­бе­ду­ва­ње со­ра­бо­тка и мул­ти­се­ктор­ски парт­нерс­тва со дру­ги су­штин­ски фа­кто­ри на на­ци­о­нал­но и на ре­ги­о­нал­но ни­во и на ни­во на ЕУ.


Искус­тва­та од дру­ги­те зем­ји во Европ­ска­та уни­ја по­твр­ду­ва­ат де­ка вмре­жу­ва­ње­то и по­сто­е­ње­то ме­ха­низ­ми за под­др­шка на со­ци­јал­ни­те прет­при­ја­ти­ја што се не­мо­не­тар­ни се од го­ле­мо зна­че­ње за нив­но­то вли­ја­ние. Мре­жи­те и дру­ги со­од­вет­ни те­ла на на­ци­о­нал­но и на ло­кал­но ни­во се на­до­пол­ну­ва­ат во про­мо­ви­ра­ње, за­ста­пу­ва­ње, истра­жу­ва­ње и во ло­би­ра­ње за по­го­ле­ма уло­га на се­кто­рот во раз­во­јот. Ме­ѓу дру­го­то, тие пот­тик­ну­ва­ат и раз­ме­на на до­бра пра­кти­ка и ин­тер­се­ктор­ско по­вр­зу­ва­ње, што на долг рок го пот­тик­ну­ва и ин­те­ре­сот на јав­но­ста за се­кто­рот.


Во­де­ни од оваа по­тре­ба, шест со­ци­јал­ни прет­при­ја­ти­ја што по­сто­јат нај­дол­го на на­ши­от па­зар се здру­жи­ја и ја поч­наа ини­ци­ја­ти­ва­та за соз­да­ва­ње ва­кво те­ло.  Во пер­и­о­дот што сле­ду­ва ќе би­де одр­жан и ја­вен на­стан на кој по­стој­ни­те прет­при­ја­ти­ја за­ед­нич­ки ќе се об­вр­зат на прин­ци­пи­те и на вред­но­сти­те врз чи­ја­што ос­но­ва ќе се раз­ви­ва се­кто­рот. Во тек е и изра­бо­тка на веб-стра­ни­ца на мре­жа­та, ко­ја, ме­ѓу дру­го­то, ќе да­ва и на­со­ки за ре­ги­стри­ра­ње со­ци­јал­ни прет­при­ја­ти­ја во Ма­ке­до­ни­ја, ќе ги спо­де­лу­ва по­стој­ни­те мож­но­сти за фи­нан­си­ра­ње, мож­но­сти­те за гра­де­ње ка­па­ци­те­ти, ка­ко и уна­пре­ду­ва­ње на со­ра­бо­тка­та со си­те су­штин­ски акте­ри.

Бри­та­ни­ја има нај­раз­ви­ен еко­си­стем на со­ци­јал­ни­те прет­при­ја­ти­ја

Ве­ли­ка Бри­та­ни­ја е иден­ти­фи­ку­ва­на ка­ко зем­ја со нај­раз­ви­ен еко­си­стем на со­ци­јал­ни прет­при­ја­ти­ја. На на­ци­о­нал­но ни­во мо­жат да се иден­ти­фи­ку­ва­ат на­ци­о­нал­ни мре­жи гру­пи­ра­ни спо­ред по­ле­то на дејс­тву­ва­ње или спо­ред прав­на­та фор­ма по ко­ја се ре­ги­стри­ра­ни, ка­ко  и мре­жи на ло­кал­но ни­во, кои за­ед­нич­ки за­ста­пу­ва­ат и го обе­ди­ну­ва­ат се­кто­рот.


На­ци­о­нал­на­та мре­жа на со­ци­јал­ни­те прет­при­ја­ти­ја е нај­го­ле­ма­та мре­жа и прет­ста­ву­ва стра­те­ги­ски парт­нер на шест вла­ди­ни ин­сти­ту­ции и ја во­ди јав­на­та по­ли­ти­ка за со­ци­јал­ни­те прет­при­ја­ти­ја на на­ци­о­нал­но ни­во во пос­лед­ни­те 15 го­ди­ни. Таа има раз­ви­е­ни дол­го­роч­ни парт­нерс­тва со дел од нај­го­ле­ми­те ком­па­нии во зем­ја­та со цел гра­де­ње со­ра­бо­тка ме­ѓу ко­а­ли­ци­ски­от биз­нис-се­ктор и со­ци­јал­ни­те прет­при­ја­ти­ја во рам­ки­те на син­џи­ри­те на на­ба­вка. От­ту­ка, мре­жа­та не ги вклу­чу­ва са­мо со­ци­јал­ни­те прет­при­ја­ти­ја, ту­ку и биз­ни­сот и јав­ни­те ин­сти­ту­ции што има­ат за­ед­нич­ка ви­зи­ја за се­кто­рот.


Ка­ра­кте­ри­стич­но за мре­жа­та е неј­зи­но­то по­ли­тич­ко вли­ја­ние и неј­зи­ни­те на­по­ри да го вклу­чи по­ли­тич­ки­от врв во сво­и­те актив­но­сти, со што ги про­мо­ви­ра неј­зи­ни­те прин­ци­пи и вред­но­сти ка­ко важ­ни во оп­штес­тве­ни­от раз­вој. Цел­та на овие актив­но­сти е со­ци­јал­но­то прет­при­е­маш­тво да би­де пре­поз­на­е­но и под­др­жа­но од стра­на на си­те по­ли­ти­ча­ри, без раз­ли­ка на нив­на­та по­ли­тич­ка опре­дел­ба, би­деј­ќи тоа но­си вред­ност за це­ло­то оп­штес­тво. Во оваа на­со­ка, ед­но од нај­го­ле­ми­те до­стиг­ну­ва­ња на мре­жа­та е раз­во­јот на Актот за јав­ни ус­лу­ги (оп­штес­тве­на вред­ност) ди­зај­ни­ран ка­ко мер­ка за јав­ни­те ин­сти­ту­ции во јав­ни­те на­ба­вки да на­ба­ву­ва­ат од биз­нис со оп­штес­тве­но и еко­ном­ско вли­ја­ние и со вли­ја­ние врз жи­вот­на­та сре­ди­на. Мре­жа­та пра­ви кон­ти­ну­и­ран мо­ни­то­ринг на спро­ве­ду­ва­ње­то на Актот и ло­би­ра за не­го­во кон­ти­ну­и­ра­но уна­пре­ду­ва­ње. По­на­та­му, на мре­жа­та ѝ е до­де­лен и ман­дат да ја пре­зе­ме уло­га­та на Се­кре­та­ри­ја­тот за со­ци­јал­ни прет­при­ја­ти­ја, кој во се­бе ги вклу­чу­ва прет­став­ни­ци­те на си­те пар­ла­мен­тар­ни гру­пи.


илустрации: Зоран Инадески

(Автор­ка­та е истра­жу­вач­ка во Асо­ци­ја­ци­ја­та за истра­жу­ва­ње, ко­му­ни­ка­ции и за раз­вој, „Паб­лик“)