Наградата за социјално претприемаштво (Social Impact Award) за оваа година отиде во рацете на тимовите на EdiStraw, TreeBanks и CoSense.
Настанот се организираше вчера во Фондот за иновации и технолошки развој, а најуспешните решенија добија парични награди во висина од по 2000 евра, кои ги обезбеди Шпаркасе банка Македонија.
EdiStraw е идеја за јадливи цевки со нутритивна вредност како замена за пластичните, TreeBanks пaк, нуди садење дрво со секоја резервација на патување, додека CoSense e иновативна мултидисциплинарна програма за коучинг, едукација и мотивација.

Четвртиот победник „Дружење без граници” од Фондот за иновации и технолошки развој ваучер за посета на настан во странство. Покрај наградите, најдобрите тимови ќе добијат и бесплатно патување во Киев кадешто ќе се сретнат со претприемачи од 16 европски земји, што се овозможува со поддршка на Фондацијата ЕРСТЕ и на Impact Hub Vienna.

Наградата за социјално претприемништво е eвропски проект за младите луѓе и студентите со мисија да го промовира социјалното претприемништво меѓу младите луѓе и студентите, a кај нас ја организира Бизнис импакт лаб. Повеќе информации за „Наградата за социјално претприемништво 2019‘‘ ќе најдете на https://macedonia.socialimpactaward.net/