До 29.07.2019 година објавен е повикот за доделување договор за услуги „Поддршка на социјалните претпријатија“, финансиран од Европска Унија.
Преку воспоставување на структури за поддршка на социјалните претпријатија во Република Северна Македонија ќе се обезбедат низа услуги за развој на социјалните претпријатија, како што се трансфер на знаење и директна поддршка, формално и неформално образование и обука, организирање настани, споделување на простор или опрема, итн. Прилагодувањата на правната рамка и соодветната финансиска поддршка дополнително ќе придонесат кон креирање на поволно опкружување за развој на социјалните бизниси. Проектот ќе го поддржи и спроведувањето на новите правила за јавни набавки за доделување на резервирани договори.
Деталите за тендерот, објавен во рамките на Акциската програма на ЕУ за поддршка во образованието, вработувањето и социјалната политика ИПА II 2017, се достапни на следниот линк.