АРНО, во соработка со Фондот на Браќата Рокфелер (Rockefeller’s Brothers Fund) од САД, распишува конкурс за избор на идеи/проекти за зелени претриемнички/бизнис идеи кои промовираат традиционална изработка на производи, поддршка на локални мали бизниси, кои користат ресурси од локалната заедница и кои потикнуваат иновативни идеи за развој на животната средина.

Повикот за доставување на зелени идеи за 2019-та е отворен до 2-ри јуни 2019 (23:59 часот).

Критериумите за учество се објаснети во делот ПРАВИЛА. Новите формулари за аплицирање можете да ги најдете во делот АПЛИKАЦИЈА. Пред да пристапите кон пополнување на формуларите разгледајте ги насоките УПАТСТВО (во делот на АПЛИКАЦИЈА) и разгледајте го делот на Често поставувани прашања (ЧПП). Следете не’ на социјалните мрежи и во делот НОВОСТИ за објави на датуми за работилниците за подготовка на апликацијата.


Филантропија преку зелени идеи* е годишен конкурс кој поддржува развој на мали, локални одржливи бизнис идеи во Западен Балкан: во нашата земја и во Албанија, Косово, Црна Гора , Босна и Херцеговина, Србија и во Грција (од 2019-та). Секоја година по тројца претставници од секоја од земјите се натпреваруваат на регионален натпревар. Четворицата претставници кои ќе победат на регионалниот натпревар добиваат по 10.000 долари за реализација на идејата во својата земја.

*Терминот „зелени идеи“ означува идеи кои придонесуваат кон животната средина, кои користат ресурси од локалната заедница и кои придонесуваат кон одржлив развој (интеграција на локалните, економските, социјалните и еколошките потреби и приоритети на заедниците).