покров

 
 
 
 

Покров

 
Социјално претпријатие за производство на органска храна

„Покров“ е социјално претпријатие кое што произведува органска храна истовремено работејќи на процес на прифаќање, третман, лекување, рехабилитација, ресоцијализација и реинтеграција на лица кои имаат проблеми со зависности. Постои од 2009 година и е меѓу пионерските социјални претпријатија во земјава. Функционира на територијата на општина Струмица, и е основано од страна на Здружението за советување, лекување, реинтеграција и ресоцијализација на лица зависни од психоактивни супстанци „Избор“.

Целта им е работна интеграција, терапија односно лекување, менување на навиките на корисниците кои што се вклучени во производство на органска храна (претпријатието има сертифицирано органско производство на овошје и зеленчук).

„Покров“ континуирано ги проширува своите производствени капацитети и ги зајакнува економските активности, а своите производи ги дистрибуира во поголемите маркети низ земјава, во специјализирани продавници за здрава и органска храна, а имаат и онлајн продажба на територија на цела држава.

Контакт:
„Покров“ се наоѓа на оддалеченост околу 5 километри од градот Струмица (помеѓу с.Баница и с.Водоча).
izborsr@gmail.com
телефон: 075 495 470