Пристап до финансии

 
 
 

Финансирање на СП

 

 
Развојот на социјалното претприемаштво неопходно треба да го следат финансиски инструменти и поддршка, која првенствено треба да произлегува од јавните фондови на национално и на локално / регионално ниво. Разновидноста на финансиските и на даночните инструменти треба да биде усогласена и да опфати различни видови социјални претпријатија (правни ентитети) и различни видови активности (поддршка на ранливи групи лица, истражувања, мерење на влијанието, размена на добри практики).

Генерално, социјалните претпријатија имаат хибридни бизнис модели, односно истите се финансирани од поширок спекар на извори на финансии, како:
- социјални договори - склучување договори со јавните институции за обезбедување
добра и услуги;
- директни грантови/субвенции од странски и домашни донатори;
- активни мерки за вработување;
- приходи од економски активности: континуирана продажба на добра и услуги;
- членства, донации и спонзорства.

Ваквите можности за финансирање се достапни и за социјалните претпријатија во Северна Македонија. Меѓутоа, тука важно е да се напомене дека за дел од достапните инструменти постојат органичувања за правните форми, односно одредени инструменти за отворени за користење за одредени правни форми.
 
 
 
 
 

Резервирани договори

 

 
Новиот Закон за јавни набавки во земјава, за прв пат ја воведува можноста на јавните институции да ја користат можноста за резервирање на договори. Законот предвидува дека договорниот орган може да го резервира правото на учеството во постапка за јавна набавка на економски оператори чија основна цел е општествена и професионална интеграција на лицата со попреченост или на лицата од социјално ранливите групи и коишто ја реинвестираат добивката за таа цел согласно закон.
Во овој случај, најмалку 30% од вработените лица кај економскиот оператор се лица со попреченост или лица од социјално ранливи/исклучени групи, во согласност со прописите од областа на трудот и социјалната заштита. Договорниот орган кој има намера да спроведе постапка за резервиран договор го наведува тоа во огласот за јавна набавка и во тендерската документација. Доколку договорниот орган ја користи оваа можност,
организацијата мора да ги исполнува следните услови:

1) нејзината цел е обезбедување јавни услуги поврзани со обезбедувањето на здравствени, социјални и културни услуги опфатени со шифрите од ЗОПЈН 75121000-0, 75122000-7, 75123000-4, 79622000-0, 79624000-4, 79625000-1, 80110000-8, 80300000-7, 80420000-4, 80430000-7, 80511000-9, 80520000-5, 80590000-6, од 85000000-9 до 85323000-9, 92500000-6, 92600000-7, 98133000- 4 и 98133110-8;

2) добивката се реинвестира заради остварување на целите на организацијата; и

3) управувачката или сопственичката структурата на организација се темели на сопственост на вработените согласно закон, односно бара активно учество на вработените, корисниците или заинтересираните страни.


 
 
 
 
 
 

 
 
 
 
 
 
 
Социјалните претпријатија во земјава, во согласност со својата правна форма и потреби може да користат широк спекар на активни мерки за вработување кои се објавуваат во согласност со годишниот план за Активни мерки за вработување. Тековниот оперативен план за 2019-та година, може да се најде на овој линк. Тековните огласи за активните мерки, редовно се објавуваат на веб страната на Агенцијата за вработување.
 
 
 

Директни грантови/субвенции од странски и домашни донатори

 

 
Ваквата поддршка се однесува на социјалните претпријатија, регистрирани според Законот за здруженија и фондации. Во моментов, најголем дел од финансиската поддршка за развој на социјалните претпријатија во земјава е преку ИПА фондовите (програми кои се однесуваат на економскиот развој и претприемаштво), УСАИД и Швајцарската агенција за развој.
 

Биро за регионален развој преку програмата за развој на подрачја со специфични развојни потреби

 

 
Повиците се објавуваат на страната на Бирото на овој линк.
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Влада на Република Северна Македонија, преку следните програми:

 

 
- Програмата за рурален развој која се објавува на годишно ниво, каде покрај финасиска помош за земјоделците, за 2019-та година, предвидува и вкупно 130 милиони денари за мерката Обнова и развој на села;
- Програма за поддршка на здруженија на граѓани и фондации.

 

Министерство за економија

 

 
Министерство за економија преку Програмата за поддршка на микро, мали и средни претпријатија кој се однесува само на ентитети кои се регистрирани како трговски друштва.