Регистрација

 
 
 
 

Како да регистрирам социјално претпријатие?

 

 
 
Во земјава не е донесен закон според кој социјалните претпријатија можат да го регистрираат своето работење. Меѓутоа, тоа не претставува пречка за дел од правните ентитети во Република Северна Македонија, да оперираат како социјални претпријатиja.
Тоа значи дека не е потребна законска регулатива за еден ентитет да може да функционира како социјално претпријатие, туку потребно е истиот да исполнува одредени критериуми.
 
Според Анализата на еко-системите во кои функционираат социјалните претпријатија во Република Северна Македонија, ентитетите регистрирани според следните закони, во целост ги исполнуваат критериумите за да бидат идентификувани како социјални претпријатија:
1) Закон за здруженија и фондации;
2) Закон за задругите;
3) Закон за земјоделските задруги;
4) Закон за вработување инвалидни лица.

 
Дополнително, постои и една, така наречена „сива зона“ на ентитети кои во целост не ги исполнуваат сите критериуми, а кои имаат потенцијал да се разиваат како социјални претпријатија и кои функционираат во рамки на следниве закони:
1) Закон за занаетчиство;
2) Закон за управување со отпад.

 
 
 
 
 
 
 
Меѓутоа, искуствата од земјава укажуваат дека независно од горенаведените закони, постојат социјални претпријатија кои се регистрирани и оперираат според Законот за трговските друштва.

Заклучокот е дека, социјалните претпријатија во земјава можат да го регистрираат своето работење според било кој закон. Независно од законската регулатива која ќе го уредува нивното работење, секое од социјалните претпријатија ќе мора задолжително да ги исполнува дефинираните критериуми во однос на економска, социјална димнзија и доброто управување.