Вие сте на:
 
кои сме ние

Мрежата на социјални претпријатија на Ма­ке­до­ни­ја (Social Enterprises Network Mk) претставува пла­тфор­ма за ко­му­ни­ка­ци­ја и за со­ра­бо­тка ме­ѓу раз­лич­ни­те со­ци­јал­ни прет­при­ја­ти­ја, за­ста­пу­ва уна­пре­ду­ва­ње на јав­ни­от имиџ на се­кто­рот, обез­бе­ду­ва­ со­ра­бо­тка и мул­ти­се­ктор­ски парт­нерс­тва со дру­ги су­штин­ски фа­кто­ри на на­ци­о­нал­но и на ре­ги­о­нал­но ни­во и на ни­во на ЕУ. Мре­жaта пот­тик­ну­ва­ и раз­ме­на на до­бри пра­кти­ки и ин­тер­се­ктор­ско по­вр­зу­ва­ње, што на долг рок го пот­тик­ну­ва и ин­те­ре­сот на јав­но­ста за се­кто­рот.

Во­де­ни од оваа по­тре­ба, десет со­ци­јал­ни прет­при­ја­ти­ја што по­сто­јат нај­дол­го на на­ши­от па­зар се здру­жи­ја и ја поч­наа ини­ци­ја­ти­ва­та за соз­да­ва­ње на оваа мрежа. Понатаму, овие социјални претпријатија се дел од Иницијативниот одбор на Мрежата.
 
Членови на Иницијативен одбор на Мрежата на социјални претпријатија:

„Лице в лице" - улично списание за одржлив развој

„Покров" - социјално претпријатие за органско производство

„Бејгл“ - пекарница што интегрира

„Нега плус“ - сервис за грижа и нега на стари и изнемоштени лица

Центар „Солферино“ – Струга
 
„Мама органа“ - циркуларен бизнис за производство на органско ѓубриво

„ХуманаС“ – сервис за нега во домашни услови

„Копче“ – поинаква продавница за облека од втора рака

„Нега центар“ - домашна грижа и нега на стари и немоќни лица

„АвАв хепи дог“ – комплетна нега и забава за кучиња
 
Зошто ни е потребна мрежата

Организирано вмрежување и соработка на социјалните претпријатија е клучно за нивниот развој.
Социјалната и солидарна економија во земјава е сè уште во рана фаза на развој, фрагментирана и со ниско ниво на меѓусебна доверба на вклучените актери и засегнатите страни.

Постои ниско ниво на поддршка на социјалните претпријатија од страна на одговорните бизниси, финансискиот и јавниот сектор на национално, регионално и локално ниво. Сите овие фактори го оневозможуваат растот на малата заедница на социјални претпријатија.

Оттука, произлегува потребата постоечките социјални претпријатија и актерите во целокупниот еко-систем во кој фунцкионираат социјалните претпријатија, заеднички да работат кон остварување на следните чекори:
 
1) Да започнат процес на креирање на заеднички идентитет, базиран на отвореност и доверба, а во врска со заедничките вредности и принципи, практики и однесување, визија и одговорност;
 
2) Да учат меѓусебно низ секојдневната работа и пракса, да учат и од другите социјални претпријатија во Македонија и од социјални претпријатија во Европа;

3) Да промовираат вмрежување и соработка помеѓу социјалните претпријатија и организациите кои го поддржуваат финансискиот и бизнис развој на социјалните претпријатија.
 
ЗАЕДНИЧКОТО ДЕЈСТВУВАЊЕ НА СОЦИЈАЛНИТЕ ПРЕТПРИЈАТИЈА ЌЕ ОВОЗМОЖИ:

• Создавање општество базирано на вредности, солидарност и инклузивност;

• Создавање економија базирана на реалните потреби на граѓаните;

• Придонес кон остварување на Глобалните цели за одржлив развој;

• Подобро користење на синергиите при работата на социјалните претпријатија;

• Унапредување на транспарентноста во однос на креираните општествени вредности;

• Градење кредибилитет во сферата на економијата, социјалата и
политиката;

• Креирање видливост и овозможување поддршка која одговара на реалните
потреби на постоечките социјални претпријатија;

• Користење на постоечките добри практики и експертиза за да се обезбеди
одржливост на социјалните претпријатија.