Што е социјално претпријатие

 
 
 
 
 

Што е социјално претпријатие?

 
Генерално, дефинирањето на социјалните претпријатија ги содржи следниве карактеристики:
 
1) Користејќи претприемачки принципи, тие се стремат да ѝ служат на заедницата, а не на максимизирање на профитот за сопствениците

2) Остварениот профит во најголем дел се реинвестира за постигнување на социјалните цели, т.е. за конкретна општествена промена

3) Нудат иновативни приоди за одржлив и рамномерен развој

4) Најчесто делуваат во две насоки:
- обезбедуваат добра и услуги за маргинализираните и за неразвиените заедници и/или
- вработуваат лица од ранливи групи граѓани

5) Тие се пазарно-ориентирани бизниси, односно финансиската одржливост ја обезбедуваат преку успешно работење според пазарните механизми (а не претежно преку грантови)

6) Управувањето на социјалните претпријатија е демократско и партиципативно Прочитај повеќе
 
 
 
 
 
camila-damasio-91788-unsplash
 
 
 
roos-oosterbroek-551418-unsplash
 
 
 
chair-vans
 
 
 
rapha-alves-416465-unsplash
 
 
 
 
 
 
 
 

Мрежа на Социјални Претријатија

 
 
 
 
camila-damasio-91788-unsplash
 
 
 
roos-oosterbroek-551418-unsplash
 
 
 
chair-vans
 
 
 
rapha-alves-416465-unsplash
 
 
 
 
 
 
 
Еден од водечките социјални претприемачи на глобално ниво, Мухамед Јунус, користи 7 принципи врз чија основа социјалните претпријатија треба да работат:
 
1) Деловната цел на претпријатието е да се надмине сиромаштијата или да се осигура намалување на еден и/или повеќе глобални општествени предизвици како образованието, здравството, пристапот до технологија и заштита на животната средина, кои го намалуваат квалитетот на живеење на луѓето и општеството. Целта на бзинисот не е максимизација на профитот;

2) Бизнисот има финасиска и економска одржливост;

3) Инвеститорите ја враќаат само својата инвестиција. Меѓутоа, не добиваат дивидена по
враќањето на инвестицијата;

4) По враќањето на инвестицискиот износ, профитот останува во претпријатието за негово
унапредување и проширување;

5) Претпријатието работи врз принципите на родова сензитивност и висока еколошка
свесност;

6) Постоечката работна сила добива износ на плата во согласност со трендот кој го диктира пазарот, но со подобри услови за работа;

7) Претприемачот работи со радост.