Солферино

 
 
 
 

Солферино

 
Црвен крст на град Скопје – Центар „Солферино“ - Струга

„Солферино“ е центар за едукација на кадри кој функционира во рамки на Црвен крст на град Скопје, по моделот на социјални претпријатија. Сместен е на крајбрежјето на Охридското Езеро, во Струга и е место каде што може да се организираат семинари, обуки, тим-билдинг активности за организации, но и приватно сместување.
Во однос на капацитетите, центарот располага со :
- сопствена плажа - уреден двор
- две сали за состаноци
- 24 трокреветни соби
- 13 двокреветни соби
- 3 еднокреветни соби
- 3 апартмани
- 2 четирикреветни соби
- сопствен паркинг

Центарот пред сè е наменет за потребите на активностите на Црвениот крст, но во периодот кога има слободни капацитети, истите се користат и за надворешни потреби на други компании и организации. Со овој тип на економска активност, се обезбедуваат редовни приходи за вработените на Црвениот крст и Центарот „Солферино“, кои во најголем дел се лица од ранлива категорија граѓани. Со ваквиот начин на функционирање, се прават промени во заедницата и се промовира работната интеграција на потешко вработливите категории на граѓани, но од друга страна се обезбедува и одржливост на активностите на Црвениот крст.

Контакт: Црвен крст на град Скопје Центар „Солферино“ – Струга
Ул Партизанска бб
Телефон за контакт: 070 317 612
Рецепција: 046 781 733