Визија

 
Создавање силно граѓанско општество и одржлива, солидарна и социјална држава.
 
 
 
 
 
 
 
 

Цели

 
- Развој на бизниси базирани на критериумите кои ги карактеризираат социјалните претпријатија;
- Соработка и дејствување базирани на заеднички вредности и принципи кои ќе ги заштититат социјалните претпријатија и нивните заедници од корупција, неуспеси и злоупотреба на терминот „социјално претпријатие“.
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Мисија

 
Трансформирање на македонското општество преку имплементација на решенија за општествените, економските и еколошките предизвици, како и преку развој на социјална и циркуларна економија што ќе придонесе за подобар квалитет на живот за сите граѓани на земјава.
 
 
 
 
 
 
 
 

Заеднички Вредности

 
Социјалните претпријатија работат за општо добро и имаат општествено влијаниие и/или влијание врз животната средина. Тие работат на креирање заеднички идентитет, базиран на отвореност и доверба, меѓусебно соработуваат, се поддржуваат и споделуваат знаења со социјални претпријатија од земјава, од Европа, но и од светот.
Нивното дејствување се базира на вредности како што се солидарност, меѓусебна доверба и уважување, еднаквост, недискриминација, одговорност, транспарентност, отвореност, меѓусебна поддршка, партиципативност.