Жабец

 
 
 
 

Жабец

 
„Жабец" е прв и единствен едукативен центар за деца што ги промовира темите екологија и заштита на животната средина. Овие теми се основа преку која децата учат за разни други реални и модерни теми и ситуации, во кои децата се главните ликови од кои произлегува позитивна промена, во било која област од секојдневното живеење.

Наменет е за деца на возраст од 6-12 години.
Уникатноста на „Жабец" се состои во тоа што во своето работење предвидува подобрување и унапредување на разни социјални проблеми и предизвици, преку изучување на теми што ги нема во редовната настава во училиштата, а се од огромна важност, понатаму, 33% од профитот на центарот ќе се насочува кон едукативни активности наменети за деца од ранливи категории (деца без родители, деца на самохрани родители, деца од фамилии кои се наоѓаат во тешка економска ситуација, итн.

Социјалното претпријатие работи со избор и комбинација на теми и активности: екологија,спорт, социјални вештини, правилен раст и развој, здрава исхрана, јога за деца, уметност, организирање активности во природа. Локацијата на одржување на часовите е во просториите на Природонаучниот музеј на Македонија во Скопје.

Контакт:
Адреса: Бранислав Нушиќ, 13-1/17
Tелефон: 078 365 902
Фејсбук: https://www.facebook.com/1014771281995944/
Контакт лице: Никола Нешкоски 078 365 902