Музичка терапија
која обединуваСоцијалното
претпријатие „Анастасија центар“ е катче во центарот на Битола, кое преку методот на музичка терапија, односно
преку пеење, танцување, сценско движење, разговори и насоки од страна на
музичкиот педагог се влијае врз подобрување на физичкото, менталното и
духовното здравје и состојба на лица со типичен развој и лица со пореченост.
Активностите кои
ги има „Анастасија центар“, освен во насока на психофизички
и духовен развој на децата, младите и возрасните, делуваат и на подигнување на свеста преку уметност за инклузивно општество и враќање на вистинските норми и вредности на живеењето.
„Анастасија центар“ се фокусира на следниве сегменти:
- Еднаквост и социјално – општествена инклузија во
секојдневното опкружување на лицата со попреченост и пречки во развојот, како и
нивен психофизички, емоционален и духовен развој преку индивидуална работа,
групна работа и учество во културно – уметнички манифестации;
- Можност за секој амбициозен уметник на приклучување кон социјалното
претпријатие и шанса за остварување на својата животна професионална желба,
преку сопствен развој и пренесување на своето знаење на деца, млади и возрасни;
- Собиралиште на сите креативци, таленти, сонувачи и остварувачи;
- Подигнување на свеста кај децата, младите и возрасните со едукација и
проширување на стекнатото знаење преку уметноста, подобрување на нивните
перформанси и примена на нивниот талент, вештини и работни навики во
секојдневното и професионалното дејствување.
Заедно со социјалното претпријатие „Center Lounge & Fresh Bar“ пак, формираат
целина која делува кон унапредување на општествената инклузија, грижата за
себе, своето здравје и мисла.
Контакт:
Адреса: Широк Сокак 61, Битола
Лице за контакт: претседател Анастасија Милевска, секретар
Дарко Милевски;
Телефон: 047 614 666, 070/ 477
- 786
Електронска поштa: anastasija_center@hotmail.com
Веб страна:http://www.hops.org.mk/
https://anastasijacenter.com
FB страна: https://www.facebook.com/ANASTASIJACENTER
Инстаграм: https://www.instagram.com/anastasijacenter