НАША
ДОБРА ЗЕМЈА
„Наша добра земја“ е првата задруга на потрошувачи во Македонија, регистрирана во 2015
година.
Организира продажба само на македонски органски производи, и тоа на два начини
- преку органска неделна кошничка за членовите на кооперативата и за
потрошувачите кои не се членови во задругата (преку продавницата на
задругата, која се наоѓа во Тафталиџе).
Темите кои ги опфаќа со работењето се однесуваат на еколошки и општествено
одржливи системи за локален суверенитет во исхраната. Основната цел е да
постават алтернатива на постојниот систем на производство, дистрибуција и
консумација на локална храна.
Основни полиња на активност:
- Суверенитет
во прехраната
- Локална
храна
- Директно
поврзување на потрошувачи со производители – скратување на ланецот на достава и
загадување, доверба, социјална кохезија.
- Јавни
градини и компости
- Зголемување
на јавната свест за градинарење и свое производство на храна (со најмал еколошки оттисок)
- Рециклажа,
реупотреба на материјали („Добра земја“ е можеби првата продавница во Македонија која не користи пластични
кеси)
- Намалување
на сметот при достава на производи
- Намалување
на загадувањето произлезено од транспорт на производите
Општествените
процеси во земјава, нивното влијание врз здравјето на луѓето, растурањето на локалните
заедници и сузбивањето на локалните иницијативи биле основни мотиви на основачите на „Наша добра земја“. Како главен „чадор”
елемент, претставуваше загадувањето и несвесното (неразумно) користење на
природните ресурси и нивно бескрајно загадување.
Контакт:
Адреса: Дрезденска 15/лок 1, Скопје
Tелефон: 071
86 30 89
Веб-сајт:
www.dobrazemja.org
Електронска
пошта: info@dobrazemja.org