Јадлива органска козметика која ги зајакнува
самохраните мајки
„Една прави“ е социјално претпријатие кое нуди високо квалитетна, органска
и јадлива козметика, со чија продажба и изработка се зајакнуваат самохраните
мајки од организацијата „Една може“.
Социјалното претпријатие е создадено за да ги задоволи
потребите на сите оние кои одбираат да се грижат за својата кожа и кожата на
своите најмили, здраворазумно, долгорочно и ефективно. Наменета е за сите оние
кои не сакаат да внесуваат тешки метали, отрови, парабени, емулгатори, вештачки
соединенија блиски на пластиката и алиуминиум во својот крвоток. И секако, за
сите оние кои веруваат во силата на енергијата и на природата, и
затоа одбираат да внесуваат козметика создадена со љубов, од љубов.
Со купување на производите на „Една прави” директно ја поддржувате и мисијата на Здружението на граѓани за еднородителски семејства
и самохрани родители „Една може!“, продонесувате за подобар
свет за самохраните мајки и нивните деца
и ја стабилизирате одржливоста на единствената активна
организација.
Воедно активно допринесувате за зголемување
на вработливоста на самохраните мајки во нашата компанија, и со тоа учествувате
во креирањето на неприкосновено квалитетните органски, јадливи козметички
производи од Македонско потекло кои ги нудиме на светски пазари.
Контакт:
„Една
прави“
Адреса: Ул.
Народен
фронт бр. 5 1000 Скопје
Лице за контакт: Дороти Пачкова
Телефон: 071
936 497
Електронска пошта: info@onecan.org.mk, onecan2015@yahoo.com
FB страна: https://www.facebook.com/onecansocbizz