лумос

 
 
 
 

лумос

 
Бизнис кој придонесува кон реинтеграција на бездомните лица

Општинската организација на Црвен крст Битола основаше ново социјално претпријатие преку кое ангажира бездомни луѓе и ќе влијае кон реинтеграција на оваа ранлива категорија луѓе.
Социјалното претпријатие обезбедува шеќер во мали пакувања наменет за кафулиња, ресторани, хотели и други угостителски објекти, кои нудат кафе и чај за своите клиенти.
Поттикот дошол од перцепциите во врска со консумирањето кафе во нашата култура. Од друга тимот на Општинската организација на Црвен крст Битола увидол дека потенцијалите и капацитетите на своите корисници на проектот за бездомништво, можат да бидат ставени во функција на пакување на шеќер во мали кесички кои се потребни во угостителството.

Пакувањата шеќер се брендирани со лого на Црвен крст, а 1% од профитот ќе оди на сметка на ООЦК Битола. Останатите средства ќе се реинвестираат во самото социјално претпријатие. Освен бездомни сограѓани, како вработени се и лица од заводот за оштетен слух и говор Кочо Рацин од Битола.

Контакт
Лумос (работи во склоп на Општинската организација на Црвен крст Битола)
Адреса: Филип Втори Македонски 54, 7000 Битола
Лице за контакт: Борче Пашоски, секретар на Црвен крст Битола
Телефон: 047 236 019, 070 791-770
Електронска пошта: bitola@redcross.org.mk
Веб страна: http://bitola-redcross.org.mk
FB страна: https://www.facebook.com/oocrvenkrstbitola