Забава, грижа и љубов за кучиња
Кучето е за цел живот
„АвАв хепи дог“ нуди парк за забава на кучиња, базен за
миленици, дневна нега и хотелско сместување за кучиња, кафе бар за
релаксирање на нивните сопственици, фризерница за миленици и пекара.
Ова е првиот забавен парк за кучиња во земјава, кој е формиран како социјално
претпријатие и е направен целосно од рециклирани материјали, што е во склоп на
вредностите, верувањата и убедувањата на основачите, а е во насока и на
практикување одговорност кон животните, животната средина и кон планетата
воопшто.
Нивната мисија е да се подобри квалитетот на живот на кучињата и трајно
вдомување на уличните кучиња преку нивно времено згрижување, а воедно и
создавање пријатен простор со многу содржини за едукација, забава и игра на
домашните миленичиња и нивните сопственици, со цел на едно место да се најдат
сите потребни производи и услуги.
„АвАв хепи дог“ првенствено е центар за
разменa на искуства, за оддржување на јавни настани со различни соддржини, и
подигање на свеста за одговорно сопствеништво и одговорноста кон добра нега на
кучињата од страна на сопствениците, а особено на децата како идни одговорни
сопственици на кучиња под мотото „Одговорни сопственици,
одговорна заедница, среќни кучиња".
Контакт:
Skopje, Macedonia
https://avavhappydog.mk
тел: 77 541 635