Пекарница што интегрира
Од март 2019 година, во склоп на Здружението за
советување, лекување, реинтеграција и ресоцијализација на лица зависни од
психоактивни супстанци „Избор“, функционира и
пекарницата „Бејгл“. Ова
социјално претпријатие нуди вработување и работна терапија на различни ранливи
групи кои се корисници на „Избор“.
Пекарницата нуди различни пецива, слатки, торти, но и
здрава храна- напитоци од различни овошја.
Контакт:улица: „Благој Јанков Мучето“ бр.
4
Струмица
телефон: 075 233 2018