Генерално, дефинирањето на социјалните
претпријатија ги содржи следниве карактеристики:
Користејќи претприемачки принципи, тие се стремат да ѝ служат на заедницата, а не на максимизирање на профитот за сопствениците
Остварениот профит во најголем дел се реинвестира за постигнување на социјалните цели, т.е. за конкретна општествена промена
Нудат иновативни приоди за одржлив и рамномерен развој
Најчесто делуваат во две насоки:
обезбедуваат добра и услуги за маргинализираните и за неразвиените заедници и/или
вработуваат лица од ранливи групи граѓани
Тие се пазарно-ориентирани бизниси, односно финансиската одржливост ја обезбедуваат преку успешно работење според пазарните механизми (а не претежно преку грантови)
Управувањето на социјалните претпријатија е демократско и партиципативно. Основа... Прочитај повеќе
Користејќи претприемачки принципи, тие се стремат да ѝ служат на заедницата, а не на максимизирање на профитот за сопствениците
Остварениот профит во најголем дел се реинвестира за постигнување на социјалните цели, т.е. за конкретна општествена промена
Нудат иновативни приоди за одржлив и рамномерен развој
Најчесто делуваат во две насоки:
обезбедуваат добра и услуги за маргинализираните и за неразвиените заедници и/или
вработуваат лица од ранливи групи граѓани
Тие се пазарно-ориентирани бизниси, односно финансиската одржливост ја обезбедуваат преку успешно работење според пазарните механизми (а не претежно преку грантови)
Управувањето на социјалните претпријатија е демократско и партиципативно. Основачите, вработените и корисниците можат да одлучуваат заеднички, согласно со внатрешните процедури. Во различни земји, критериумите за идентификување на социјалните претпријатија се различни. Генерално, Европската комисија користи три групи димензии за мапирање на социјалните претпријатија:
Економска димензија: имплементација на континуирана и стабилна економска активност. Ова е димензија која социјалните претпријатија ја делат со сите останати претпријатија. Минимум критериум кој треба да го исполнат социјалните претпријатија е минум 25% од вкупниот годишен приход да е од економска активност;
Социјална димензија: социјалното претпријатие преку своите производи/услуги работи кон остварувањето на експлицитно дефинирана општествена цел. Всушност, социјалната димензија е водечката разлика помеѓу социјалното претприајтие и традиционалниот бизнис. Примарноста на општествената цел на социјалните претпријатија мора јасно да биде утврдена со законската регулатива според која претпријатијатието е регистрирано, со статутот на социјалното претпријатие или други релевантни документи;
Добро управување: со цел соодветно идентификување на општествените потреби и вклучување на засегнатите страни во дизајнирањето на соодветни решенија (производи/услуги), социјалните претпријатија мора да имаат специфични структури на сопственост и модели на управување кои треба да обезбедат учество на сите засегнати страни кои имаат некакво влијание од работењето на претпријатието. Социјалните претпријатија ја ограничуваат дистрибуцијата на добивката со цел да се осигури заштита на општиот интерес. Минимум критериум кој мора да го исполни секое социјално претпријатие е да осигура дека интересите на релевантните засегнати страни се соодветно застапени во спроведените процеси на донесување одлуки.
Повеќе детали за критериумите на Европската Комисија, можат да се најдат на следниот линк.
Мрежа на Социјални Претпријатија
Еден од водечките социјални претприемачи на
глобално ниво, Мухамед Јунус, користи 7 принципи врз чија основа треба да работат
социјалните претпријатија:
Деловната цел на претпријатието е да се надмине сиромаштијата или да се осигура намалување на еден и/или повеќе глобални општествени предизвици како образованието, здравството, пристапот до технологија и заштита на животната средина, кои го намалуваат квалитетот на живеење на луѓето и општеството. Целта на бзинисот не е максимизација на профитот;
Бизнисот има финасиска и економска одржливост;
Инвеститорите ја враќаат само својата инвестиција. Меѓутоа, не добиваат дивиденда по враќањето на инвестицијата;
По враќањето на инвестицискиот износ, профитот останува во претпријатието за негово унапредување и проширување;
Претпријатието работи врз принципите на родова сензитивност и висока еколошка свесност;
Постоечката работна сила добива износ на плата во согласност со трендот кој го диктира пазарот, но со подобри услови за работа;