Center Lounge & Fresh Bar

 
 
 
 

Center Lounge & Fresh Bar

 
Со здрава храна кон грижа за себе

Center Lounge & Fresh Bar е првиот ресторан за непроцесирана и здрава храна во Битола. Ресторанот промовира здрав начин на исхрана, а повеќе од половина од профитот го инвестира во развојот на социјалното претпријатие „Анастасија центар“. Основата на менито е сирова (жива) храна.
Двете социјални претпријатија формираат еден комплетен центар, кој нуди можност за изградба на една индивидуа која ќе може да функционира самостојно или во група, да развива или да учествува во изградбата на едно поздраво и посвесно општество.
Се наоѓа во истиот објект на „Анастасија центар“, а, освен здрава храна и пијалоци, нуди и едукативни активности, делува и во насока на кревање на свесноста кон исхраната, љубовта кон своето тело и посочува кон вистинското внимание при исхраната.
Овие две социјални претпријатија формираат еден комплетен центар, кој е можност за изградба на една индивидуа која ќе може да функционира самостојно или во група, да развива или да учествува во изградбата на едно поздраво и посвесно општество. Љубовта нѐ поврзува сите нас и нѐ потсетува кои сме и зошто постоиме, нѐ води во животот преку пренесување на чистата енергија и вистинските морални вредности, нѐ води до центарот на постоењето и универзумската бесконечност.
„Промената нека започне од тебе. Ти ќе им пренесеш на најблиските. Сите заедно ќе создадеме нов подобар свет, врз темели на здрави навики, вистински морални вредности, неограничена среќа и безрезервна љубов!“, порачуваат од „Center Lounge & Fresh Bar.


Контакт:
Center Lounge & Fresh Bar (Дисајд Дооел Битола)
Адреса: Широк Сокак 61, Битола
Лице за контакт: Дарко Милевски
Телефон: 047 528 362
Електронска пошта:
centerloungeandfreshbar@hotmail.com
Веб страна:http://www.hops.org.mk/ www.centerloungeandfreshbar.com
FB страна: https://www.facebook.com/centerloungeandfreshbar/Инстаграм: https://www.instagram.com/centerloungeandfreshbar/