Доброто управување е особено важно за социјалните
претпријатија бидејќи на тој начин се обезбедува поддршка во
балансот помеѓу општествената и економската цел, истовремено адресирајќи ги потребите
на различните засегнати страни. Доброто управување е начин на управување
заснован на етика и интегритет. Добро управување е развој и раководење на
конзистентни и кохезивни политики, процеси и права на одлучување за
дадена област на одговорност. Централна улога имаат високи
етички стандарди (вредности, принципи) и поделба на моќта на одлучување.
Поделба на моќта на одлучување се постигнува
со поделба на неизвршни и извршни органи.
Социјалните претпријатија експлицитно ја
лимитираат дистрибуцијата на профитот.
Ограничувањето на дистрибуцијата на профитот
значи дека социјалното претпријатие обезбедува заштита на
јавниот интерес.
Еден
од начините за добро управување во социјалните претпријатија е преку развој на
политики и процедури кои ќе ги регулираат внатрешните
процеси на претпријатијата.