Почувствувај
го Крушево преку обединетата туристичка услуга
Социо – економскиот центар за туристички услуги „FEEL Krusevo“ е формиран со здружување на
силите на членките и заложбите на три граѓански организации од градот - Здружение
за туризам и угостителство, Центар за хумани односи и „Крушевска жена“, како и
со СОУ „Наум Наумоски - Борче“ и општина Крушево.
Спојот на граѓанскиот и образовниот сектор со локалната власт е со цел градење
партнерство за одржлив развoј во
туризмот, поточно за подобрување на квалитетот и квантитетот на услугите на
туристичката дестинација Крушево во сите 365 дена од годината.
Со „FEEL
Krusevo“ се опфатени околу 40 индивидуални сопственици на
категоризирани соби и апартмани, локални ресторани, локални кафетерии,
занаетчиски работилници, локални такси компании, локални земјоделски
производители на органска храна, локални сопственици на стада овци, кози и
коњи, долгорочно невработени жени кои
произведуваат еко – органска храна по традиционална рецептура и млади високо
образовани кадри како ментори на лица со потешкотии во равојот и едукатори на
повозрасната популација.
Целта е економско јакнење на сите погоре споменати категории, преку обединета
туристичка услуга. Во моментов развиени се три туристички понуди:
Feel History– Mузејска тура
Feel Tradition – Влашка
тура
Sicret places - Mанастирска
тура
„Feel Krusevo“ е сместен
во строгиот ценатр на градот во просторија сопственост на општина Крушево. Тука
на едно место може да вкусите и купите од надалеку познатите органски производи
на крушевските жени и да обезбедите место за некоја од локалните тури.
Контакт:
Социо – економскиот центар за туристички услуги „FEEL
Krusevo“
Адреса: ул. Илинденска бб, Крушево
Лице за контакт: Лефкија Гажоска
Телефон: 078 259 550
Електронска пошта: feelkrusevo@gmail.com
Веб страна: http://feelkrusevo.com
FB страна: https://www.facebook.com/feelkrusevo