Циркуларен
бизнис за производство на органско ѓубриво
„Мама органа“ развива циркуларен бизнис - производство на органско ѓубриво
и супстрат, а вработува и работно ангажира самохрани родители.
Ова социјално претпријатие промовира иновативен
производ каков што нема на домашниот пазар, ниту во регионот. Исклучително се
фокусирани на развој на производот, за кој добивале и награди од натпревари за
стартапи. Последен таков натрпевар е „Startup Europe Awards“, на кој „Мама органа“ освои награда во
категоријата „Best Job Growth“. Ѓубривото го добиваат од калифорниски црви, а во
исто време создаваат и репроматеријал за супстрат кој пак е збогатен со
природни минерали, вулкански камења кои служат за регулација на водата и воздухот внатре во почвата.
Иновативноста е и во тоа што секој, без оглед на тоа каде
живее, со овој супстрат може да одгледува и произведува органска храна, а нема
допир со земја (ниту со земјени површини) и нема предизвици како на пример, загадена почва.
Социјалната мисија им е во две компоненти - вработување и зајакнување на
самохрани родители, истовремено таргетирајќи го и општествениот проблем со
пристап до здрава храна, вода и воздух, органско производство на храна и
намалување на отпад.
Дополнително, произведуваат и продаваат и билки кои го прочистуваат воздухот во
внатрешни простории и еко песок за мачки.
Контакт:
улица „Ѓорѓе
Андреевиќ Кун“ 28-б
Скопје
тел: 075 860 970