Проектот „Иновации за подобар свет“ во организација на Импакт Хаб GmbH од Виена наредниов период ќе одржи три тематски мрежни работилници за поединци и организации кои би можеле да бидат заинтересирани повеќе околу оваа активност:
- На 8-ми октомври 2020, со тема Одржливост – климаски акции и адаптација;
- На 29-ти октомври 2020, со тема Социјални иновации – никој да не биде изоставен
- На 19-ти ноември 2020 со тема  Дигитализација – технологија во служба на импакт.

Проектот има за цел да ги истражи можностите за спроведување на нова програма што промовира иновации кои даваат придонес кон Целите за одржлив развој на ОН. Поддржана е од Австриската агенција за развој (АДА) и Австриската агенција за промоција на истражувањето (ФФГ). Фондовите ќе бидат достапни за организации од Австрија и од Западен Балкан - Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово,
Северна Македонија и Србија.

За учество на работилниците, пријавете се на овој линк, а повеќе информации за овој проект има на веб сајтот.