Balkan Green Foundation ја организира првата Balkan Green Academy 2020/2021 како дел од регионалната програма Balkan Green Ideas. Академијата се состои од неколку модули кои ги опфаќаат трите главни столба: политика, економија и општество, а има за цел да овозможи и покрене дискусија на актуелните прашања поврзани со зелениот одржлив развој во регионот на Западен Балкан. Академијата ќе користи меѓусекторски и интердисциплинарен пристап, поттикнувајќи го длабинското знаење, а во исто време ќе се комбинираат модули кои ќе ги истражуваат различните перспективи на политиките, економскиот (бизнис) пристап и влијанието во општеството.
Отворена е за учесници (пред сé млади жени и мажи од рурални и урбани средини кои поседуваат или имаат намера да основаат зелени мали и одржливи бизниси), од земјава, но и од Албанија, Босна и Херцеговина, Грција, Косово, Црна Гора и Србија. Местата се ограничени на четворица учесници по земја. Учеството во сите три делови на академијата е задолжително за сите присутни.
Повикот е отворен до 16 август, а заинтересираните апликанти треба да го пополнат формуларот за учество кој е на овој линк.
Главни цели на Академијата се:
- промовирање на принципите и вредностите на одржливите и зелени политики поврзани со економскиот, социјалниот и политичкиот развој на општествата од Западен Балкан (со посебен фокус на агендата 2030 и зелена агенда за Западен Балкан);
- создавање мрежа помеѓу зелените активисти, граѓанските организации кои работат на зелени одржливи иницијативи, руралните и урбаните зелени претприемачи;
- подготовка на локалните и регионални актери да ги идентификуваат потенцијалите во рамките на нивните заедници за создавање зелени и одржливи иницијативи и бизниси.

Повеќе за Balkan Green Academy има на следниов линк.