Нов фонд, Инструмент финансиран од ЕаСИ (Европската програма за вработување и социјални иновации) беше лансиран со заем во вкупна вредност од 200 милиони евра. Целта е да се зајакне кредитниот капацитет за организациите кои нудат микрофинансирање, како и за заемодавателите на социјалните претпријатија во Европа.
Во насока на поддршка на креирање работни места и социјална инклузија, инструментот цели да го подобри пристапот до финансии за микро претпријатијата, вклучувајќи ги и ентитетите за самовработување и оние кои вработуваат ранливи луѓе, како и социјалните претпријатија.
Европскиот инвестициски фонд е одбран да го менаџира овој фонд.
Повеќе информации на следниовлинк.