Повикот за натпреварот „Зелени идеи“ е отворен и ќе трае до 10-ти април 2020 година, објави Здружението за социјални иновации „АРНО“.
Сите граѓаните кои сметаат дека имаат идеја за зелен, одржлив бизнис можат да аплицираат на натпреварот, а повеќе информации за самиот натпревар, критериумите и аплицирањето може да најдете на www.zeleniidei.mk.
Секој кој што е заинтересиран да се пријави на натпреварот „Зелени идеи 2020" може да учествува на работилница на која ќе може да добие соодветна обука за пополнување на апликацијата и на КАНВАС БИЗНИС МОДЕЛОТ.
Работилниците кои ќе се одржат во:
Штип, 12.03.2020. Пријавувањето за работилница е задолжително и може да го направите на овој линк. Рокот за пријавување е до 06.03.2020, 16:00.
Струга, 19.03.2020. Пријавувањето за работилница е задолжително и може да го направите на овој линк. Рокот за пријавување е до 13.03.2020, 16:00.
26.03.2020. дополнително ќе се соопштат детали за одржувањето на последната работилница.