Социјално
претпријатие за производство на органска храна
„Покров“ е социјално претпријатие кое што произведува органска храна
истовремено работејќи на процес на прифаќање, третман, лекување,
рехабилитација, ресоцијализација и реинтеграција на лица кои имаат проблеми со зависности. Постои од 2009 година и е
меѓу пионерските социјални претпријатија во земјава. Функционира на
територијата на општина Струмица, и е основано од страна на Здружението за
советување, лекување, реинтеграција и ресоцијализација на лица зависни од
психоактивни супстанци „Избор“.
Целта им е работна
интеграција, терапија односно лекување, менување на навиките на корисниците кои
што се вклучени во производство на органска храна (претпријатието има
сертифицирано органско производство на овошје и зеленчук).
„Покров“ континуирано
ги проширува своите производствени капацитети и ги зајакнува економските
активности, а своите производи ги дистрибуира во поголемите маркети низ
земјава, во специјализирани продавници за здрава и органска храна, а имаат и
онлајн продажба на територија на цела држава.
Контакт:
„Покров“ се наоѓа на оддалеченост околу 5 километри од градот Струмица (помеѓу с.Баница и с.Водоча).
izborsr@gmail.com
телефон: 075 495 470