Развојот на социјалното претприемаштво
неопходно треба да го следат финансиски инструменти и поддршка, која
првенствено треба да произлегува од јавните фондови на национално и на локално /
регионално ниво. Разновидноста на финансиските и на даночните инструменти треба
да биде
усогласена и да опфати различни видови социјални претпријатија (правни
ентитети) и различни видови активности (поддршка на ранливи групи лица,
истражувања, мерење на влијанието, размена на добри практики).
Генерално, социјалните претпријатија имаат хибридни бизнис
модели, односно истите се финансирани од поширок спекар на извори на
финансии, како:
- социјални
договори - склучување договори со јавните институции за обезбедување
добра и услуги;
- директни грантови/субвенции од странски и
домашни донатори;
- активни
мерки за вработување;
- приходи
од економски активности: континуирана продажба на добра и услуги;
- членства,
донации и спонзорства.
Ваквите можности за финансирање се достапни и
за социјалните претпријатија во Северна Македонија.
Меѓутоа, тука важно е да се напомене дека за дел од достапните инструменти постојат
органичувања за правните форми, односно одредени инструменти за отворени за користење
за одредени правни форми.