1) Користејќи претприемачки принципи, тие се
стремат да ѝ служат на заедницата, а не на максимизирање на профитот за сопствениците
2) Остварениот профит во најголем дел се
реинвестира за постигнување на социјалните цели, т.е. за конкретна
општествена промена
3) Нудат иновативни приоди за
одржлив и
рамномерен развој4) Најчесто делуваат во две насоки:
- обезбедуваат
добра и услуги за маргинализираните и за неразвиените
заедници и/или
- вработуваат лица од
ранливи групи граѓани
5) Тие се
пазарно-ориентирани бизниси, односно
финансиската одржливост ја обезбедуваат преку успешно
работење според пазарните механизми (а не претежно преку грантови)
6)
Управувањето на социјалните претпријатија е
демократско и партиципативно Прочитај повеќе 1) Користејќи претприемачки принципи, тие се
стремат да ѝ служат на заедницата, а не на максимизирање на профитот за сопствениците
2) Остварениот профит во најголем дел се
реинвестира за постигнување на социјалните цели, т.е. за конкретна
општествена промена
3) Нудат иновативни приоди за
одржлив и
рамномерен развој4) Најчесто делуваат во две насоки:
- обезбедуваат
добра и услуги за маргинализираните и за неразвиените
заедници и/или
- вработуваат лица од
ранливи групи граѓани
5) Тие се
пазарно-ориентирани бизниси, односно
финансиската одржливост ја обезбедуваат преку успешно
работење според пазарните механизми (а не претежно преку грантови)
6)
Управувањето на социјалните претпријатија е
демократско и партиципативно.
Основачите, вработените и корисниците можат да одлучуваат заеднички, согласно со внатрешните процедури.
Во различни земји, критериумите за идентификување на социјалните претпријатија се различни. Генерално, Европската комисија користи три групи димензии за мапирање на социјалните претпријатија:
1) Економска димензија: имплементација на
континуирана и стабилна економска активност. Ова е димензија која социјалните
претпријатија ја делат со сите останати претпријатија. Минимум критериум
кој треба да го исполнат социјалните претпријатија е минум 25% од вкупниот годишен
приход да е од економска активност;
2) Социјална димензија: социјалното претпријатие преку своите производи/услуги
работи кон остварувањето на експлицитно дефинирана
општествена цел. Всушност, социјалната димензија е водечката разлика помеѓу социјалното
претпријатие
и традиционалниот бизнис. Примарноста на општествената цел на социјалните
претпријатија мора јасно да биде утврдена со законската регулатива според која претпријатијатието
е регистрирано, со статутот на социјалното претпријатие или други релевантни документи;
3) Добро управување: со цел соодветно идентификување на општествените потреби и вклучување на засегнатите страни во
дизајнирањето на соодветни решенија (производи/услуги), социјалните
претпријатија мора да имаат специфични структури на сопственост и модели на управување
кои треба да обезбедат учество на сите засегнати страни кои имаат некакво
влијание од работењето на претпријатието. Социјалните претпријатија ја
ограничуваат дистрибуцијата на добивката со цел да се осигура заштита на
општиот интерес. Минимум критериум кој мора да го исполни секое
социјално претпријатие е да осигура дека интересите на релевантните засегнати страни се
соодветно застапени во спроведените процеси на донесување одлуки.
Повеќе детали за критериумите на Европската
Комисија, можат да се најдат на
следниот линк.